0 коментари 2 мин. читање 4 декември, 2013

За еден ден е продадена 8 милиони долари вредна опрема за фармање на биткоини

Шведската KnCMiner за само 24 часа заработи 8 милиони долари од продажба на опрема за „фармање“ на биткоин која чини по 10.000 долари од парче. Компанијата вели дека продавала по еден милион долари опрема во првите пет часа. Неверојатната побарувачка е резултат на тоа што нема да има уште една ваква продажба на опрема се до почеток на следната година. А поради се поголемата вредност и популарност на дигиталната валута, времето буквално вреди пари.

Дигиталната валута биткоин се фарма со помош на моќни компјутери кои извршуваат сложени математички проблеми. Колку побрзо ги решат, толку повеќе биткоини ќе добијат. KnCMiner вели за Business Insider дека нивните машини можат да копаат по 2,1 биткоини на ден под идеални состојби, ако машината работи 24 часа на ден.

Тоа што е клучно во оваа потрага по дигиталното злато е што креаторот на валутата, непознатиот Сатоши Накамото, замисли систем со ограничен број од 21 милион биткоини, од кои во опсег во моментов се околу 12 милиони. Тоа значи дека скоро половината од биткоините не се откриени. Еден биткоин сега вреди околу 1.000 долари, што значи дека има милијарди и милијарди долари кои треба да се ископаат.

[youtube]XhFjfVQK3G8[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top