Apple вели дека неодамна забележале најголем до сега напад врз Macintosh компјутерите на нивните вработени. Компјутерите биле инфицирани со малициозен код специјално наменет за Mac откако нивните вработени го посетиле форумот за софтверски алатки за iPhone, iphonedevsdk.com. Истиот метод кој злоупотребува ранливости во Јava плагинот за прелистувачи беше користен и за неодамнешни напади врз Facebook, кои друштвената мрежа ги потврди минатата недела.
„Забележавма мал број на системи на Apple кои се инфицирани и ги изолиравме од нашата мрежа. Нема докази дека се украдени податоци од Apple. Работиме блиску со властите да го откриеме изворот на овој малициозен софтвер.“, вели Apple.
Иако Apple не го спомена инцидентот со Facebook, сепак експертите велат дека методот на хакирање е сличен. Во моментот напаѓачите не можат да се идентификуваат, но прстот се покажува накај Кина чија војска е обвинета за напади врз куп компании од САД, додека Bloomberg се повикува на анонимни извори кои велат дека нападите врз 40 компании доаѓаат од хакерска банда од Источна Европа која се обидува да украде индустриски тајни.
Безбедносната фирма F-Secure пак вели за Reuters дека напаѓачите имале за цел да го украдат кодови за мобилните апликации за да можат да ги инфицираат милиони паметни телефони. Фирмата побара од развивачите да си го проверат кодот да не има измени.
Тоа што е проблематично за Apple е што ова сега хакерите имаат мотив да го напаѓаат Mac, кој не е ништо побезбеден од другите системи, туку само хакерите не се замараа со него, вели за Reuters експертот за сигурност на Apple производи, Чарли Милер. Сега со популарноста на Apple уредите хакерите обрнуваат поголемо внимание на дупките во системот.