Приватностa е огромна работа, особено кога се работи за вашите пребарувачки навики. Имено, поголемиот дел од пребарувачки енџини си земаат за слобода да ја дознаат вашата локација и IP адреса. Но, не и со Private.sh.
Преку овој сајт, секое ваше пребарување се шифрира и процесира на тој начин да не можат да се откријат дополнителни податоци за вас. Повеќе детали имате на располагање тука! Можете да го користите пребарувачот преку веб страната, но и да си инсталирате соодветна екстензија, за Chrome, или Firefox. По инсталирање на екстензијата и кликнување на иконата, автоматски се отвора сајтот private.sh.
Интересно е тоа што за секое пребарување, можете предвреме да ги филтрирате резултатите. Па така, може да одберете пребараните резултати да се поврзани само со вести, или со одредена земја.








