„Bitcoin Santa“ е популарен израз за анонимни донатори кои во период околу Божиќ и Нова Година, анонимно донираат средства на стартапи. Заедничко за сите донации е дека донациите се во биткоини.
Минатата година креторот на компјутери за фармање на биткоини, Avalon, беше цел на биткоин Дедо Мраз кој му донираа 10.000 биткоини, кои во во тоа време вредее 100.000 долари. Донација основачот на Avalon, Ифи Гуо, ја искористи за инвестирање во развој на следната генерација на компјутери за копање на биткоини. Инвеститорите најверојатно инвестирале во неговата компанија бидејќи е една од ретките кои ги објавува плановите за машините и се „open source“.
Иако најчесто инвестициите на овие Дедо Мразови се поврзани со компании кои работат на биткоини, има и исклучоци, на пример оперативниот систем Replicant, кој како и Avalon е со отворен код. Во останатите проекти на кои им помогнале спаѓаат проектот за лансирање на биткоин рудар во вселената (16.700 долари) или Мајк Херн кој помага на софтверот за peer-to-peer биткоин мрежата. Како и на писмата од Ифи Гуо и Мајк Херн, донаторите останаа анонимни и на обидете на Wired да дојде до нив. Сепак доколку работите на „open source“ проект можеби оваа година Биткоин Мраз ќе го посети вашиот проект.







