0 коментари 1 мин. читање

Apple планира да додаде уште сензори во своите телефони

Apple поднесе барање за два нови патенти, од кои првиот ќе овозможува „touch and hover“ селекција, а вториот е срцев монитор кој ќе регистрира EKG.

Првиот патент се однесува на технологија која веќе е присутна во Samsung уредите, а од поодамна ја најави и Nokia. Apple веќе најавува и примена за оваа технологија во различни апликации или функции, но најавува и попрецизна технологија од конкурентите. Срцевиот монитор е најавен за телефоните, но неговата примена изгледа далеку поприродно доколку компанијата успее да ја имплементира технологијата во паметните часовници. Засега Apple вели дека ќе се обидат да ги искористат разликите во срцевиот тон на луѓето и да го користат наместо лозинка или отпечатоците на прсти кои ги имплементираа во iPhone 5S.

Засега компанијата останува без краен рок за имплементирање на овие новитети, иако Samsung „touch and hover“-селекцијата веќе ја имплементираше во новите таблети, а новите телефони од Nokia, Goldfinger и Moneypenny исто така ќе доаѓаат со оваа технологија.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top