Верзии на Android се користат на наразлични уреди од паметни часовници, до телевизори и автомобили. Google ги препозна дел од проблемите со кои се соочуваат производителите и девелоперите, и затоа, за да понуди подобро корисничко искуство, започна да развива специјализирани платформи како Android TV или Android Auto предвидени пред се за потребите на корисниците или како во случај со Android Wear сосем нова верзија на оперативниот систем.
Најголемиот проблем кој го имаат паметните часовници пред Android Wear е токму неприлагоденоста на оперативниот систем со уредот. Токму новиот оперативен систем ќе треба да ја зголеми популарноста и да го направи преминот од досегашните часовници до навистина паметни часовници кои сите би сакале да ги користат. Засега најдобриот паметен часовник Moto 360 кој најмалку и наликува на паметен часовник е овозможен токму од новиот оперативен систем на Google. Android Wear е првиот оперативен систем кој може да се користи на различни форми на екраните, и да ги прилагоди апликациите кон користење на кружниот или квадратестиот екран. Паметните часовниците кои се произведуваат засега се единствено корисни кога се синхронизирани со паметен телефон и засега нема најави дека ова ќе се промени. Часовниците кои доаѓаат со Android Wear доаѓаат со сите уреди со поддршка за Android 4.3. Апликациите кои се инсталираат на телефонот, веднаш ја добиваат и верзијата за паметниот часовник.
[youtube]0xQ3y902DEQ[/youtube]
Нотификациите во оперативниот систем се распоредни во мрежа, со повлекување надолу-нагоре се разгледуваат сите пораки, а налево-надесно ве води кон можни одговори или акции на нотификацијата. Дел од предноста на Android Wear е што Google успеа да пронајде начин да го олесни селектирањето на иконите и нотификациите и покрај големината на екранот. Така доколку на екранот е присутна единствено една икона притисок било каде на екранот ја активира. Во најлош случај нотификациите заземаат само половина од екранот што сепак остава доволен простор за селектирање и команди.
Како изгледаат нотификациите на Android Wear? Нотификациите на часовникот доаѓаат со истите информации како и на паметниот телефон. Во доволно голем простор нотификациите се своевидна копија на нотификациите од телефонот. Доколку станува збор на пример за имејл порака, позадината на часовникот се менува во сликата на аватарот на испраќачот, а во горниот десен агол корисникот може да го забележи знакот за имејл. Првиот екран надесно е екранот за бришење на пораката, второто повлекување е одговор на пораката, а третото повлекување надесно ја отвора опцијата за одговор пореку телефонот.
Кoристењето на Google Now на паметниот часовник овозможува зголемена корисност на часовниците. Така може да поставите прашања кои во споротивно не би ни постоеле на паметниот телефон. Одговорите на прашањата доаѓаат со помош на Knowledge Graph функционалност која Google ја развива веќе подолго време. Најголема предност на Android Wear кога се во прашање гласовните команди е баферирањето на командите додека се активира сервисот. Така за разлика од Android верзијата на Google Now за кој мора да се почека по командата „Ok Google“ кај Wear нема потреба од пауза бидејќи говорот се баферира.
Најголема предност на паметните часовници засега останува тоа што на секоја нотификација од телефонот нема да мора да го вадите телефонот, иако останува интерсно да се види како Google и Apple ќе ги имплементираат фитнес апликациите. За жал засега не постои часовник кој ќе го замени во целост паметниот телефони, па дури ниту часовник кој пристојно би работел во „негов отсуство. Што се однесува до оперативниот ситем Android Wear, Ars Technica заклучува дека „засега оперативниот систем изгледа дека е во бета фаза, но има огромен потенцијал, а Wear уредите се корисни и забавни за користење“.
[youtube]mNqiDW35MhI[/youtube]