0 коментари 2 мин. читање 2 јули, 2014

Украинци со краудфандинг финансираат беспилотни летала кои ќе ги патролираат границите

Група Украинци креираа проект кој ќе и помогне на државата полесно да ја следи состојбата на границата со Русија. Станува збор за беспилотни летала кои ќе патролираат по границата, а за првите 10 дронови со краудфандинг се собрани околу 36.000 долари или 418.780 украински гривни.

Беспилотното летало ќе може да надгледува зона со радиус од 25 км притоа движејќи се со брзина од 120 km/h. Леталото ќе може непрекинато да лета во период од еден час. Предности на ваквото набљудување на границата се: точност при лоцирање на координатите на метите; можност за континуирана промена на координатите во текот на летот; можност за брзо испраќање на леталото на проблематичните локации; тежок за забележување и тежок за напад со традиционалните средства како против-воздушна одбрана.

Ова не е единствен проект на Минстерството за одбрана на Украина за кои бараат помош од јавноста. Војската на Украина и покрај буџетото од 1,9 милијарди долари има проблем со финансиите, па почесто бараат помош од граѓаните. Добар дел од финансиите се собираат на сајтот Narodniy.org.ua каде беше поставен и проектот за беспилотните летала.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top