Русија ќе ги следи сите комуникации за време на Зимските олимписки игри во Сочи

Во подготовките на Русија за Зимските олимписки игри спаѓа и систем за следење на мобилни и интернет комуникацијата на атлетичарите и публиката, кој, според Guardian, е именуван како „PRISM на стероиди“.

Документите до кои дојде весникот, со помош на руските истражувачки новинари Андреј Солдатов и Ирина Бороган, откриваат дека руските безбедносни служби FSB инсталирале телефонски и интернет системи за набљудување на комуникацијата, со можност за следење на клучни зборови кои се споменати во имејлови, веб четови или на друштвените мрежи. Ваквите подготовки се спротивно од „отвореноста и пријателството“ кое рускиот претседател Владимир Путин им го вети на олимпијците.

Разликата меѓу SORM и американскиот PRISM систем, за кој се дозна од документите објавени од Едвард Сноуден, е што руското набљудување е задолжително додадено во инфраструктурата, додека американските власти сами ги пробивале мрежите.

„Руските власти сакат да се осигураат дека секое поврзување и секој чекор направен онлајн во Сочи за време на Олимпијадата е апсолутно транспарентен за тајните служби во земјата“, вели г. Солдатов.

Рускиот SORM системот е имплементиран ширум Русија, но посебно внимание му е дадено на Сочи каде е инсталирана понапредна технологија која може да се справи со поголемиот сообраќај за време на Олимписките игри, но и да пребарува клучни зборови. Според г. Солдатов, меѓу клучните зборови се наоѓаат и термини кои ја таргетираат руската опозиција. Пример, се следи комуникацијата каде се споменува зборот „Navalny”, што е името на Алексеј Навални, најголемиот опозиционер. Друга мета, вели Guardian, може да бидат геј активистите против кои од неодамна беше воведен нов закон против „хомосексуалната пропаганда“. Но, иако протестите ќе бидат спречени, сепак г. Путин вети дека нема да апсат атлетичари кои ќе носат ознаки со боја на виножито.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments