Facebook прати имејл да ни каже дека веќе нема да ни праќа толку многу имејлови

во Друштвени мрежи

Дали добивте имејл oд Facebook во кој се вели дека „испробуваме нова опција за да го намалиме обемот на имејлови што ги добивате од Facebook”? Звучи апсурдно, но како поинаку Facebook да ве информира за опција која сега автоматски одбира кои нотификации се важни за да ви ги праќа преку имејл, и која се обидува да го намали бројот на имејлови што ги добивате за нотификациите.

Има вкупно 83 нотификации кои може да се добиваат преку имејл. Пример, дека некој ви пратил покана за пријателство, имејл дека некој кликнал лајк на сликата, на статусот, имејл дека некој ве означил на слика, имејл дека некој ви пратил порака… Секако сите тие имејлови можат да се изгасат преку менито за нотификации, но многу корисници одбиваат да го направат тоа бидејќи сакаат да останат во тек со тоа што се случува на мрежата.

За да го намали спамот, Facebook ја воведува опцијата Email Frequency. Наместо да ги штиклирате сите 83 нотификации поединечно за кои да ги добивате по имејл, вклучете ја Email Frequency (која инаку е вклучена по зададено) и ќе ги добивате само тие опции за кои што Facebook мисли дека се важни и потребни да се знаат. Пример, ако некој ве тагне, спомене во коментар или каже дека сте со нив во пост.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments