Хактивистите Anonymous излегоа на улиците на 16 индиски градови, вклучувајќи го и Мумбаи и Делхи, за да протестираат против веб цензурата која се практикува во земјата. Хактивистите се појавија со банери кои повикуваат на слобода на интернетот, слобода од цензурата и слобода во изразувањето. Пред уличните протести следеа успешни и неуспешни напади на бројни индиски сајтови.
„Индија се претвара во Кина и Иран. Тие не сакаат правите информации да стигнат до луѓето. Има некои сајтови кои се блокирани поради информации кои се релевантни за нас. информации кои ни се корисни како граѓани на оваа земја.“, вели 20 годишниот студент Нишант за BBC.
Меѓу блокираните сајтови во земјата се пиратските сајтови како Pirate Bay, но и видео сервисот Vimeo и Dailymotion бидејќи на нив може да се најде пиратирана боливудска содржина, и Pastebin сервисот за анонимно постирање на текст, кој стана контроверзен бидејќи на него се објавуваат украдени податоци од разни хакерски напади.
[youtube]R0VN7QSg2oE[/youtube]