{mosimage} И покрај големиот број бесплатни апликации за Аndroid девелоперот Едвард Ким успеа да го освои тој пазар и да заработува 13.000 долари месечно со својата апликација „Car Locator”. Користејќи GPS, слики, радари и тајмери, апликацијата ве потсетува каде сте паркирале, колку сте далеку од колата и уште колку време ви останало од купеното паркинг место.
Едвард Ким, кој ја креирал апликацијата во слободно време, вели дека апликацијата е симната над 70.000 пати, од кои 6.590 е платената верзија. Првично апликацијата вредела 1.99 долари, но потоа Ким ја зголемил на 3.99 долари. И со зголемување на цената добрата продажба продолжила.
Пазарот на Android е преплавен со бесплатни апликации, дури 57% од вкупните апликации се бесплатни споредено со останатите продавници каде над 70% од апликациите се плаќаат, според анализата на Distimo. Но, со овој позитивен пример на „Car Locator" и со големиот раст на достапните Android апликации можеби ќе видиме прав конкурент на Apple Аpp Store.
{mosimage}
{mosimage}






