{mosimage} Facebook направи околу 600 милиони долари профит во 2009 година, и е на пат да направи 1.1 милијарда долари во 2010 година, пишува блогот Inside Facebook, блог кој е кредибилен извор на информации за друштвената мрежа.
Facebook не го открива профитот бидејќи е приватна компанија, но лани во семптември само најави дека стана профитабилен. Тогаш, во септември, неколку извори објавија дека приходите достигнаа 550 милиони и продолжуваат да раснат, скоро дуплирајќи се секоја година – 150 милиони долари во 2007 година, 300 милиони во 2008 и 600 милиони во 2009 година.
„Очекуваме трендот да продолжи во блиска иднина, што ќе го направи Facebook мулти-милијарди долари вредна компанија во следниве години.“ пишува Ерик Елдон од Inside Facebook.
Косристејќи анализи и извори InsideFacebook го дисекцира 600 милиони долари профитот во :
{mosimage}
Рекламирањето на брендовите е во пораст посебно со таргетирањето на рекламите и како што расне бројот на корисници така расне и бројот на прегледаните реклами што носи повеќе пари на друштвената мрежа.
Што се однесува до виртуелните добра се мисли на продажбата на кредити со кои се купуваат добрата. Претходно
Facebook најави дека ќе ја развие виртуелната економија со кредитите пред се поради зголемениот интерес за купување на виртуелни добра, но и зголемен интерес за креирање на вакви апликации.
Најголемиот профит доаѓа од Performance Advertising, што е плаќање според остварените резултати, односно рекламите кои ги водат корисниците кон апликациите пример FarmVille или кон профилите и страните на локалните брендови. Што е однесува до локални брендови ова е светска мапа на друштвените мрежи во која се гледа ширењето и популарноста на Facebook.
Facebook ќе продолжи да профитира, вели Inside Facebook и повикувајќи се на различни извори вели дека се очекува друштвената мрежа да надмине 1 милијарди долари профит за 2010 година.






