Надополнето: Apple негира дека Android е 52% побрз од iPhone

Од Apple исто така признаваат дека „не дека не се се грижиме за брзината, но Google се фанатични по тоа прашање.“
</надополнување>

После 45.000 теста со вчитувања на страници на Blaze, компанија за веб оптимизација како убедлив победник во борбата чиј прелистувач е побрз гордо стои Android. Прелистувачот на Android е 52% побрз, а во 84% од случаите побрзо ги вчитува страниците од iPhone.

Како што вели Blaze, нивната идеја позади ова истражување е да се добие вистинската слика чиј прелистувач е побрз кога се работи за вчитување на „вистински“ страници наспроти страници креирани за мобилни, односно да се добие јасна статистика за искуството при „сурфање“ кое го нудат двата прелистувачи.

Тестирани се најновите верзии на Android (2.3) и iPhone (4.3), од кои двата се фокусираа на тоа да го подобрат JavaScript енџинот и да понудат побрзо „сурфање“. Blaze утврди дека тестовите за брзина кои ги презентираат и Google и Apple не го прикажуваат во целост и реално искуството кое го има еден корисник додека додека прегледува разни страници на мрежата. Нивниот тест затоа се состоел од мерење на брзината со која прелистувачите ги вчитуваат страниците, вчитувајќи ги страниците од листата на 1.000 компании на Forbes, неколкупати во текот на неколку денови користејќи најчесто Wi-Fi. Од тие 1.000 страници, само 175 биле прилагодени за пристап од мобилен уред. На крајот вкупниот број на вчитани страници излегол околу 45.000.

Кога се работи за вчитување на страниците кои се креирани за мобилни Android има само 3% предност пред iPhone, но кога се работи за страници кои не се направени за мобилни (поголемиот дека од мрежата), Android има огромна предност, дури 59 отсто. Ако се прашувате зошто ова е толку важно, одговорот е поради таблет компјутерите.

„Таблетите го користат истиот оперативен систем како и телефоните со сличен хардвер. Но, корисниците очекуваат полно искуство на таблет компјутерите, не поедноставени мобилни страници. Ова значи дека пристапот на Android ќе направи уште поголем впечаток.“, вели Blaze.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments