Вдомете 3D инсекти во вашиот дом

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Неодамна, го пренесовме интересниот нов проект на Google каде можевте да вдомите 3D диносауруси во вашиот дом користејќи проширена реалност. Но, Google изгледа не сака да овозможи можности само за симпатични посетители. Овојпат, доколку сакате можете да вдомите над 20 инсекти, 3D модели кои веродостојно го пополнуваат просторот кој го гледате со вашата камера. За поверодостојни ефекти, на инсектите можете да им ја менувате големината, како и да извлечете фотографии кој подоцна ги споделувате на социјалните мрежи.

За да видите со какви инсекти си имате работа, покренете го Google преку вашиот телефон и напишете во полето за пребарување или insect или точно име на некој одреден инсект. Потоа, изберете View in 3D преку добиените резултати од пребарувањето. За Android корисниците е поедноставно затоа што можат да го изберат соодветниот инсект, но iOS корисниците мораат да го напишат точното име на инсектот за да го видат моделот.

Кои имиња на инсекти можете да напишете за да ги погледнете нивните модели? Мило нѝ е што прашавте:

Rhinoceros beetle, Hercules beetle, Atlas beetle, stag beetle, giant stag, Miyama stag beetle, shining ball scarab beetle, jewel beetle, ladybug, firefly, Rosalia batesi, swallowtail butterfly, morpho butterfly, atlas moth, mantis, grasshopper, dragonfly, hornet, robust cicada, brown cicada, periodical cicada, Walker’s cicada, и evening cicada.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk