1 коментар 2 мин. читање 22 јуни, 2012

Аndroid 4.1 Jelly Bean доаѓа наскоро, откри Google по грешка

Galaxy Nexus ќе биде првиот телефон кој ќе ја користи најновата верзија на Android мобилниот систем, позната како Jelly Bean. Ова се откри откако корисниците кои сакаа да купат Galaxy Nexus беа пречекани со порака „првиот телефон на Android 4.1 Jelly Bean”.

За пет дена стартува големата I/O конференција на Google во Сан Франциско. Вообичаено е на оваа конференција Google да ги претстави своите најголеми производи, меѓу кои можно е да биде и Jelly Bean. Се шушка дека на конференцијата ќе биде претставен и Nexus таблет компјутер.

За сега нема многу детали што ќе донесе Jelly Bean. Се очекуваат подобрувања секако, но најголем проблем на Google е што малку корисници се префрлаат на најновите верзии. Во моментов само 7 отсто од корисниците ја користат Ice Cream Sandwich верзијата, додека 63 отсто се уште ја користат 2.3 верзијата објавена уште во 2010-та година. Всушност, се уште голем дел од телефоните се продаваат со Android 2.3. За да го реши овој проблем Google најверојатно по објавувањето веднаш ќе им даде пристап до Jelly Bean на поголем дел од производителите.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Ивица
Ивица
14 years ago

Проблемот е тоа што производителите не се замараат со корисниците на постари телефони. Има еден куп телефони со 2.1

Мени
Заедница
To top
{title}