Microsoft објави SDK за новиот Xbox контролер SmartGlass

По се изгледа Microsoft ја научи лекцијата од Kinect и нема да чека последен момент пред да ги издадe SDK за новиот „контролер“ Smart Glass. Иако од најавата на SmartGlass и не помина многу врем, Microsoft веднаш го понуди SDK пакетот на своите партнери. Со развојниот пакет партнерите кои имаат обврска за екслузивни Xbox наслови ќе можат да работат на интегрирање на паметни телефони или таблети во нивните игри.

SmartGlass овозможува да префрлате видеа од таблет на телевизор (преку Xbox), а потоа таблетот да го користите за дополнително интерактивно запознавање со локациите, ликовите или приказната од филмот или серијата која ја гледате. Во делот за играње апликацијата овозможува да го користите таблетот како контролер на допир или како дополнителен екран на кој ќе можете да поставите статистики или дополнителна мапа за поголема прегледност.

Според информациите SmartGlass SDK доаѓа со „SmartGlass Studio“, JavaScript библиотека која содржи и API кој се погодни за сите платформи и пример за кодирање. Со помош на апликациите паметните телефони или таблет компјутери ќе можат да се користат коако дополнителни екрани, на пример за играње.SmartGlass ќе функционира и на iOS и Android, а не само на Windows уреди.

[youtube]uxwymIZt9ds[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments