0 коментари 2 мин. читање 8 јуни, 2012

AMD претстави хибриден Windows 8 таблет компјутер

Иако на годинашниот Computex Taipei главни ѕвезди се Intel и Microsoft сепак со интересен таблет компјутер се појави и AMD. Таблет компјутерот е представен како хибрид кој работи на Windows 8. Според димензиите, дебелината е 20mm, тешко дека ќе може да биде претставен како современ таблет компјутер кој ќе можете да го носите секаде со себе. Големината на екранот е 30cm и резолуција 1366х768 и е нешто на што веќе сме навикнати. Процесорот кој го користи таблетот е  AMD Trinity A6.

Со оглед на тоа дека станува збор за хибрид, AMD Compal Windows 8 доаѓа со дополнителна тастатура на која се прицврстува уредот и заличува на ноутбук. Според инжињерите на AMD во иднина таблетот ќе работи побрзо и со подобро ладење кога ќе биде прицврстен на платформата. Едноставното комбинирање на таблет компјутерот е одлично и интуитивно.

Според Verge кои имаа ексклузивен прв поглет на таблет компјутерот,  перформансите се повеќе од задоволителни. Единствена замерка е недостаток на податоци за перформанси при работа со Windows 8 или времето кое може да работи без да го приклучите за полнење. Сепак ова е сеуште само прототип кој е подложен на корекција и можеби затоа претпазливоста на AMD е оправдана.

[youtube]fw6aZA6oKxk[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top