0 коментари 1 мин. читање 7 јуни, 2012

Foursquare го стартуваше својот нов дизајн

Како што беше очекувано, Foursquare претстави нов дизајн на својата мобилна апликација за iOS и Android, наскоро и за BlackBerry.

На прв поглед ќе забележите дека е поместеното копчето за чекирање кое сега е горе десно и побрз систем кој ги бележи чекирањеата. Сега се и поголеми сликите во табот на пријатели кој има листи на пријатели и омилените места на пријателите. Додадена е опција за брзо лајкнување и коментирање на активностите.

Но, можеби најголемата промена е новиот Еxplorer кој сега подобра ја следи корисничката активност за да понуди поперсонализирани предлози за места. Како што вели Foursquare, сервисот сега предлага места според секој поединечен чекин, според активностите на пријателите и според над 2 милијарди чекини од целата заедница.

The #allnew4sq is here! from foursquare on Vimeo.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top