По навистина долго време AMD има конкурентен процесор, а ова го покажуваат и првите независни бенчмарк тестови. Ryzen 7 1800X, R7 1700X и R7 1700 се први процесори со новата архитектура.
„Ryzen и стави крај на доминацијата на Intel кај процесорите со врвни перформанси. Најважно за корисниците, цените ќе паднат заедно со монополот на Intel. Вчера 8-јадрен, 16-thread десктоп процесор чинеше 1000 долари, денес чини 500.“, вели Ars Technica.
Компанијата неколку месеци имаше повремени презентации на кои можевме да видиме резултати од бенчмарк тестовите. AMD имаше презентации во живо. Сепак имаше сомнежи дека компанијата може да испорача процесор со перформанси кои ги ветуваше.
„Колку што бевме поблиску до лансирањето стануваше сѐ појасно дека AMD не се шегува и презентираните резултати се реални. Анализирајќи го она што ни го кажаа, AMD преку долгорочен тим и план за развој го има она што треба да ја заврши работата. Иако го имаа чипот за тест, аналитичарите беа загрижени дека можеби AMD нема да има доволно време да ја заврши работата и да биде компетитивен на x86 пазарот.“, јави Anandtech.
Лоша вест е дека процесорот има проблем со пониска резолуција. На 1920 х 1080 гејминг тестови на повеќе игри, Ryzen покажува загрижувачки резултати. AMD објасни дека компанијата уште испраќа оптимизација. Оваа вест дојде и од неколку девелопери на видеоигри. Изгледа дека станува збор за оптимизација за Vulkan low-level API, пренесе PC World.
Сега конечно имаме и независни бенчмарк тестови. Она што е заедничко за сите бенчмарк тестови е дека според резултатите од тестовите Ryzen 7 е блиску или подобар и од најдобрите процесори на Intel. R7 1800X е најбрзиот процесор и за Multi-Threaded тестовите. SingleThread тестовите покажуваат колку брзо работи секое јадро посебно и не се показател за практичната работа, но тука најбрз е i7-7700K. Поради поголемата работна фреквенција на Intel Core процесорите, ова е и очекувано.

Image: PC World

Image: PC World
Blender тестот на PC World покажа повторно дека процесорите се многу блиски. Intel i7-6900K е најбрзиот процесор на овој тест, но процесорите се многу блиску.

Image: PC World
Проблемите на Ryzen се појавуваат на 1080р резолуција. Компанијата тврди дека причината за ова е недоволната оптимизација. Дури и вака процесорот е компетитивен, но има најлоши резултати од сите процесори кои ги тестираше Ars Technica.

Image: Ars Technica

Image: Ars Technica

Image: Ars Technica

Image: Ars Technica
На повисока резолуција (читај 4К) резултатите се поизрамнети. Интересно е дека колку е повиска резолуцијата и квалитетот на слика толку се поизрамнети и резултатите на тестовите. Можеби мало разочарување е што i7-7700K сè уште е најдобриот процесор за гејминг, но останува да видиме дали по оптимизацијата ова ќе биде случај.

Image: PC World

Image: PC World
„Ryzen сепак не е без проблеми. Гејминг проблемите на 1080р ќе исплашат некои од купувачите. Всушност ако ја видите нашата R7 1700 и Intel Core i5 споредба, најверојатно ќе се исплашите и двоумите. Дали навистина станува збор за проблем со оптимизацијата или е некој поголем проблем кој нема да може да се поправи?“, вели PC World.
За среќа најверојатно купувачите од Македонија ќе го добијат одговорот на ова прашање пред процесорите да пристигнат кај нас. Вообичаено новите процесори пристигаат за 2 до 3 недели, но ако судиме по AMD графичките картички, чекањето може да биде и подолго.







