Погрешен влез е причина за проблемите со AWS Amazon

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб

Amazon ја објави причината за проблемите кои го имаа куп сервиси и веб-страници оваа недела. Погрешен влезен податок е внесен погрешно и ова е извор на сите проблеми.

„За жал една од влезните команди е погрешно внесена и отстранет е поголем број на сервери отколку што беше предвидено. Серверите кои беа отстранети подджуваа два други S3-подсистеми.“, објасни Amazon.

Промените ги направил S3 тимот кога се обидувал да надмине проблем поради кој забавуваше наплатата. Тимот како дел од веќе разработен сервис требаше да исклучи помал број сервери, но поради грешен влез исклучени се повеќе. Поради ова исклучени се и S3-подсистемите и не можеа да бидат извршени мрежните барања.

Како последица на грешката паднати беа: Trello, Quora, IFTTT, Splitwise, но и Verge и Business Insider. Instagram, Medium, Slack, Vine, IMDb, Isitdownrightnow.com, исто така беа зафатени од проблемите. Проблемот е надминат по неколку часа, а подеднакво важно е што Amazon транспарентно ги објави сите податоци.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk