{mosimage} Intel ќе му плати 1.2 милијарда долари на конкурентот AMD за да ја повлечат тужбата во која AMD вели дека Intel користел нелегалните тактики за да го уништи конкурентот на пазарот.
„Додека односите меѓу двете компании беа проблематични во минатото, овој договор ќе ги разреши законските спорови и ќе овозможи компаниите да ги фокусираат сите свои ресурси на иновација на продукти и развој.“ пишува во соопштението на двете компании.
За Дик Маjер, директорот на AMD, ова е почеток на нова ера, поставени се основните правила за отворен пазар во индустријата на микропроцесори.
„Се чуствуваме оптимистички што започна новата ера за нашата индустрија. Знаеме дека ќе треба време луѓето да разберат како се променија условите во бизнисот со процесори – но не грешите – тие се променија.“ пишува г-дин. Мајер.
Според договорот AMD ќе добие 1.2 милијарди долари. За возврат на парите, AMD ќе ги повлече сите поплаки и тужби.
{mosimage}
Но тоа не значи декa Intel ќе биде ослободен од казните. Intel е обвинет дека плаќал специјални бонуси на HP, IBM и други компании да користат негови процесори, наместо тие на конкурентите.
Поради тaa манипулација на пазарот Европската Унија го казни
Intel со рекордни 1 милијарда евра. Intel е казнет и од Кореја со 18 милиони долари.
Поради истата манипулација на пазарот и
државата Њу Јорк поднесе тужба против Intel кои најави дека ќе се брани и дека ќе поднесе поплаки за казните.






