Mediumi.mk, сите медиуми на едно место

во Совети

{mosimage} Mediumi.mk е листа на сите медиуми и нивните RSS линкови како и аудио и видео врски до радио
и телевизиите.

„Првенствената намена на mediumi.mk е да ги собере сите медиуми на едно место и притоа да овозможи врска директно до содржините на медиумот и корисникот само да чита, слуша и гледа. Покрај пишаните медиуми и нивните RSS канали, mediumi.mk вклучува и радио станици и телевизии и соодветно нивните live stream-ови, со што скратува многу повеќе маки од само RSS претплатата.“ вели Колектив.

{mosimage}

Сервисот може да ви користи за лесно стигање до содржината на медиумите, наместо да рипате од сајт до сајт. Сега за сега нема телевизии, со тоа ниту видео стримови во живо. Можеби би било полесно да се линка до zulu.mk… сепак сајтот е во бета верзија и се планира повеќе, вели Колектив.

На листата има линкови до радио стримови. Како и RSS линкови на сите медиуми на листата. Ако користите Firefox, Safari и Internet Explorer, не ви е потребен RSS читач. Доколку користите друг прелистувач потребен ви е RSS читач, нешто како Google Reader. Тоа што е добро за RSS e што ги добивате сите наслови од еден сајт на едно место, и со тоа имате директен линк до содржината без да пребарувате низ сајтот.

Хммм… можеби следниот совет ќе е за RSS. :)



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments