0 коментари 2 мин. читање 4 јуни, 2015

АMD го претстави ефикасниот и моќен APU Carrizo

AMD долго време е единствената алтернатива на Intel процесорите, и, за жал, наместо со квалитет процесорите од AMD најчесто се конкурентни само со цената. Но, со новиот APU Carrizo, AMD можеби е на правиот пат. Процесорот е наменет да биде конкуренција на процесорите за лаптоп, и според првите бенчмак тестови станува збор за процесор со подобри перофоманси ос Core i7 5500u.

APU е скратеница за Accelerated Processing Unit што значи дека е комбинација од класични јадра (CPU), комбинирани со осум графички процесори (GPU). Ова овозможува процесорот да доаѓа со своевиден интегриран графички процесор кој според тестовите има и повеќе од солидни перфоманси. Подобрување доаѓа и во потрошувачката на енергија, па Carrizo речиси двојно ќе го продолжи периодот помеѓу полнењето на батеријата.

Carrizo е наменет за средна класа на лаптопи со цена од 400 до 800 долари, а доколку резултатите кои ги презентира AMD за прв пат по подолг период купувачите можеби ќе го изберат процесорот заради перформансите, а не поради цената, констатира Gizmodo.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top