Директорот на Apple ги искритикува конкурентите што собираат лични податоци

Тик Кук не е импресиониран од бизнис моделот на Google и Facebook, и вели дека компаниите собираат купови податоци за корисниците. Според директорот на Apple, корисниците не би требало да прават избор помеѓу приватноста и безбедноста. „Дел од компаниите ги изградија своите бизниси „успивајќи“ ги своите корисници на самозадоволство. Собираат се што можат за своите корисници и потоа се обидуваат да ги монетаризираат овие податоци“, критикува г. Кук.

Г. Кук во својот говор во Electronic Privacy Information Center не ги именува компаниите за кои коментираше, но јасно беше дека неговата критика е насочена кон Google и Facebook. Дел од аналитичарите ја поздравија одлучноста на Apple да застане во одбрана на приватностна на корисниците, но се чини дека никој не е потполно убеден дека Apple не практикува прибирање на податоци за своите корисници.

Според борците за приватност, охрабрувачки е дека Apple размислува за приватноста, но тие додаваат дека до сега немаат видено доказ дека Apple е нешто помалку интрузивен во приватноста од другите компании. Сепак, Apple кој тврди дека не собира податоци за корисниците, сепак на сите заинтересирани за реклами им нуди можност за таргетирање на корисници со над 400 опции за фокус на таргет групи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments