Ambulance Life: A Paramedic Simulator: невообичаена симулација со автентични алатки за пружање итна медицинска помош

Зошто да ја играте?

  •  Фанови сте на симулации поврзани со пружање итна медицинска помош
  •  Имате желба да добиете увид во хаотичните работни денови на болничарите
  •  Сакате да ја искусите модерната верзија на: Can it run Crysis tho?

Ambulance Life: A Paramedic Simulator нуди детално и уникатно искуство поврзано со пружање итна медицинска помош. Развиена од креаторите на Police Simulator: Patrol Officers, играта на развојното студио Aesir Interactive се истакнува како прва симулација што го покрива сеопфатниот живот на овие медицински лица. Под услов да имате моќна компјутерска конфигурација, ќе навлезете во адреналинско одговарање на итни повици, возење до местата на несреќи, давање прва помош и транспорт на пациенти во болница.

Трка со време

Играта е сместена на западната страна на Соединетите Држави, во Сан Пелиќано. Иако се работи за измислен град, авторите се имаат потрудено да понудат автентични области како историски квартови, деловни области и индустриски зони. Секоја област нуди уникатни средини и потенцијални сценарија, кои се движат од секојдневни несреќи па се до големи катастрофи. Дизајнот на градот е една од најсилните точки во играта. И покрај итноста наметната од нашите работи обврски, не можевме да сме рамнодушни на огромните згради, фабрики или природни богатсва.

Играњето започнува во форма на туторија, со диспечер кој ве известува за итна ситуација, раздвижувајќи ве до вашето амбулантно возило и давајќи ви можност да ја вклучите сирената, да возите низ улиците се додека не пристигнете до местото на несреќата. Во сите овие ситуации, времето е клучен фактор и константно сте под притисок да стигнете што е можно побрзо до местото на несреќата. Иако играта нагласува реалистично возење, класичниот режим ни остави впечаток на аркадни механики, а ла GTA, каде се што треба за да возите е да давате гас и да гледате да не удрите некого. Нормално, една од првите работи што ги направивме беше да ја вклучиме сирената, но како и во вистинскиот живот така и тука ретко кој од останатите учесници во сообраќајот не „шишаа“, пружајќи дополнитен предизвик при возењето.

Итност и внимание не се бара само за време на возењето, туку и при помагање на пациентите

Штом пристигнете на местото на злочинот несреќата, мора да ја процените ситуацијата, да дијагностицирате повреди и да администрирате соодветен третман. Ова вклучува интеракција со пациенти, собирање информации за несреќата и користење 17 различни медицински инструменти за вршење прегледи. Особено ни се допадна потребата за поинтимно запознавање со моментната ситуација, но и со историјата на пациентите. Мора да ги земате во предвид алергиите на пациентите и претходните состојби. Имено, утнете ја работата тука и ризикувате да направите од лошо-полошо, комлицирајќи го дополнително третманот. Вие не сте семоќен. Тешките случаи бараат транспорт до болница со амбуланта.

Како што играчите напредуваат и градат репутација, тие отклучуваат нови области, се среќаваат со потешки ситуации и добиваат пристап до дополнителни алатки.

Ambulance Life: A Paramedic Simulator содржи 36 различни медицински ситуации во кои се бара ваша интервенција. Подразбирливо, ситуациите се разликуваат по сериозноста и се движат од мали исеченици па се до животно-загрозувачки изгореници од трет степен. Благодарение на оваа разноликост, секое сценарио се чувствува уникатно, пружајќи извонредни можности за користење различни алатки и барање пристапи кои се соодветни за моментната состојба на пациентите.

Приоритет според сериозноста на повредите

Порано или подоцна, ќе навлезете и во комплесни симулации на катастрофални настани, со запрепастувачка бројка на жртви. Во овие ситуации, тежината на изборот станува уште поголема, принудувајќи ве да одбирате на кого да дадете приоритет, а кого да го оставите за подоцна. Играта не ве држи за рака во овие ситуации и, обично, остава на вас да одредите на кого првин ќе го посветите вашето внимание и ќе пружите грижа. Во одредени ситуации воопшто не е лесно да заклучите кај кого да одите првин; работите ниту се кристално чисти, ниту пак фер, особено кога имате жртви со слични озбилни проблеми. Мора да признаеме, во одредени мисии чувствувавме огромна анксиозност. Притиснати и од временскиот простор и од моралните дилеми, имаше ситуации каде стоевме заковани во место, неспособни да реагираме и да ја донесеме тешката одлука. На крајот на денот, не можат сите да бидат спасени. Ambulance Life: A Paramedic Simulator мајсторски ја преповеда оваа сурова лекција, наметнувајќи брутален слој на емоционална тежина.

Два режими на игра и значаен образовен елемент

Ambulance Life нуди два режима на игра:

– Режим на симулација, осмислен за искусни играчи кои бараат реалистичен предизвик и

– Класичен режим за почетници, кој обезбедува насоки за време на почетните смени.

Ambulance Life: A Paramedic Simulator се одликува и со прирачник со детални реалистични медицински процедури, пружајќи им на заинтересираните одлична можност за поквалитетно запознавање со бројните процедури

За крај, би сакале да потенцираме две работи. Ambulance Life: A Paramedic Simulator не е лесна игра и потребно е да сте трпеливи и спремни на често експериментирање кое завршува со неуспех, нешто што е двојно точно при правилна анализа на ситуацијата и користење на алатките.

Дополнително, Ambulance Life: A Paramedic Simulator е катастрофално лошо оптимизирана игра, мачејќи голем број компјутерски конфигурации. Некои гејмери се изјасниа дека немале падови на FPS и искуството било флуидно, додека други гејмери не можеле ни правилно да го завршат туторијалот.

Ние сме некаде помеѓу овие две групи, искрено надевајќи се дека Aesir Interactive ќе ја сфатат ситуацијата малку поозбилно и ќе стават приоритет на правилна оптимизација – ова, сепак, не е игра во ран пристап и нема никакво право да се однесува така, особено кога ќе се земе во предвид дека издавачите се Nacon.

Во случај играта да работи добро кај вас, тогаш големи се шансите дека пријатно ќе бидете импресионирани од убедливото и интензивното симулациско искуство. Со значаен фокус на реализам и длабока емоционалната тежина која произлегува од грижата за пациентите и непредвидливата природа на итните случаи, Ambulance Life: A Paramedic Simulator нуди уникатно и наградувачко искуство кое нема лесно да го заборавите, особено доколку сте заинтересирани за пружање итна медицинска помош.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Aesir Interactive
  • ИздаваNacon
  • Жанр: Симулација
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на:  6 февруари 2025

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk