ENDER MAGNOLIA: Bloom in the Mist е уште една квалитетна Metroidvania

Зошто да ја играте?

  •  Фанови сте на souls like/ metroidvania игри
  •  Детален свет, интригантна приказна, феноменална музика!
  •  Невообичаен систем за добивање поддршка од сојузници

Во 2021 година, студијата Adglobe и Live Wire исфрлаат апсолутен хит. ENDER LILIES: Quietus of the Knights им нуди на гејмерите освежителна комбинација од souls like и metroidvania, со квалитетни акциони RPG механики и незаборавна приказна поврзана со откривање мистериозни слоеви за едно разрушено кралство. ENDER MAGNOLIA: Bloom in the Mist неодамна излегува само за да ги оправда очекувањата на гејмерите и да се истакне како одличен продолжеток во впечатлиот универзум, инстантно собирајќи над 95% позитивни рецензии на Steam. Откако и ние ја детално проверивме играта, јасно ни е зошто е тоа така.

Дводимензионално совршенство

ENDER MAGNOLIA: Bloom in the Mist е мрачна Metroidvania игра која продолжува на приказната од ENDER LILIES: Quietus of the Knights, одвивајќи се неколку децении по настаните од ENDER LILIES. Во продолжетокот, вие играте со Лајлак и вложувате надчовечки напори за да ја открие вистината зад судирот помеѓу луѓето и Homunculi.

Иако се работи за напредување во дводимензионална околина, студиото зад ENDER MAGNOLIA: Bloom in the Mist се има потрудено да ја направи секоја мапа полна со анимирани детали, лесно оставајќи впечаток на длабочина која технички ја нема. Имено, ќе поминувате покрај водопади, ќе се пробивате низ штетни испарувања, ќе трчате низ разиграна трева, и слично. Мапите се дизајнирани на забавен начин и охрабруваат одново навраќање и користење на ново-здобиени можности за премин кон претходно недостапни места и отклучување надградби. На пример, првото нешто што можноста за двојно скокање и прелетување на кратки дестинации ќе ви дозволи да отклучите е трајно зголемување на здравјето. Но, повторуваме, овие надградби, обично не се лесно достапни.

За брзо време ќе се споите со Нола. Во моменти кога ќе наидете на противници, ќе можете да го искористите оваа мистериозно суштество за да го повикате до вас и да го искористите за напади од близина. Секој пат кога ќе го притиснете копчето за напад, вашата девојка ќе се повлече одбрамбено наназад, дозволувајќи и на Нола немилосрдно да го пресече воздухот со острото сечило, правејќи различни комбоа во процесот. Интересна изведба која органски се врзува и објаснува преку приказната. Кога сме кај неа, наративното клупче се одмотува преку меѓу-секвенци, дијалози и документи полни со лор. Наративната изложба никогаш не е пренагласена, дозволувајќи ви да ја впивате онака како што вие сакате.

ENDER MAGNOLIA: Bloom in the Mist се одликува со една од најубавите и највпечатливите музички подлоги, водејќи ве низ емоционално и разиграно патување кое никако нема да ве остави рамнодушни. Во моментот кога излеговме на површината и кога ја слушнавме песната во која женски глас замислено потпевнува, едноставно моравме да застанеме и да се препуштиме на моментот, плашејќи се дека ако се префрлиме во наредната мапа, песната би можела да прекине.

Вашите и противничките анимации се суптилно, но прекрасно разработени, особено кога битките ќе започнат.

Од време на време, ќе наидувате на места за одмор каде што ќе можете да го обновите вашето здравје, имајќи во предвид, меѓутоа, дека сите претходно елиминирани противници одново ќе бидат реанимирани. Од овие места на привремена релаксација, ќе можете да разговарате со сојузниците, да одгледувате претходни видеа, да надградувате и опремувате способности, опрема и реликти, како и да експериментирате со тежината на играта. Особено ни се допадна и одделот Extra каде можете да менувате костими и да разгледувате различни информации за непријателите и ликовите, како и да листате низ богата изложба од уметнички дела. Овие работи не се бесплатни и се отклучуваат со фрагментите кои ги собирате од секое елиминирање на противниците.

Првата ситуација која ќе помислите дека ова е игра која е многу потешка отколку што можеле да претпоставувате

ENDER MAGNOLIA: Bloom in the Mist знае да биде предизвикувачка игра, барајќи од вас да имате брзи рефлекси и соодветено да се прилагодувате на уникатните напади на противниците. Едни непријатели исфрлуваат токсични гасови, други фрлаат огнени топли, трети скокаат брутално, а четврти вршат различни непредвидливи комбинации. Четврти непријатели, кои се во функција на босови, ве принудуваат да земате во предвид и напредни механики, како зашеметување, внимателно избегнување во едни ситуации и агресивно напаѓање во други. По поразување на првиот ваков бос, истиот ќе се приклучи на вашето патешествие и ќе напаѓа во ваше име, слично на Нола. Способностите на вашите сојузници исто така може да се менуваат на местата предвидени за одмор, дозволувајќи ви бројни можности за експериментирање.

ENDER MAGNOLIA: Bloom in the Mist е достапна на Nintendo Switch, PlayStation 4 и 5, Xbox Series X|S и PC преку Steam. Во случај да сте големи Metroidvania фанови и не се плашите од поголем предизвик, ова е игра која не би требало да ја заобиколите. Навистина вреди!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: AdglobeLive Wire
  • ИздаваBinary Haze Interactive
  • Жанр: акциона RPG
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на:  22 јануари 2025

Оценка

  • Вкупна оценка: 9
  • Приказна: 8
  • Гејмплеј: 9
  • Графика: 9
  • Звук и музика: 10

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk