Годишната конференција на која се дискутира за сè што е дигитално е подготвена за своето 14-то, а 6-то издание во Тирана, Албанија.
AllWeb, врвниот настан во Југоисточна Европа за дигитален маркетинг, комуникациска креативност и иновации се враќа на голема врата. Со висококвалитетни содржини од меѓународни, регионални и локални говорници, конференцијата ветува дека ќе ја промени играта во просторот за дигитален маркетинг и иновации.
„За да ја докажеме нашата посветеност, веќе објавивме неколку од десетте говорници кои ќе ја красат сцената на 2 ноември“, рече Дарко Булдиоски, ко-основач и програмски директор на AllWeb. Меѓу говорниците е Џеј, познат и како Јасмин Алиќ, кој е број 1 креатор и автор на LinkedIn. „Со докажано искуство за пишување за Fortune 500 компании и помагање на клиентите да се запознаат со врвните публикации, како што се The Times, Huffington Post, Google I/O и претприемачката публика, експертизата на Џеј во маркетинг и стратегија за бренд е неспоредлива. Тоа што го издвојува Џеј е неговиот импресивен раст на LinkedIn, каде добива и по 1000 следбеници дневно, дури и во денови кога не објавува содржина“, додава Булдиоски.
Главната тема за овогодинешната конференција е Generative AI, жешка тема што ја трансформира маркетинг индустријата и им помага на брендовите да испорачаат незаборавни искуства за клиентите. Публиката ќе има можност да го слушне Дејв Бирс, експертот за користење на вештачката интелигенција во секојдневната работа.
„Во текот на минатата година, тој го истражуваше светот на Gen AI и дојде до неверојатни откритија. Тој стана главен експерт за користење вештачка интелигенција во секојдневната работа и заработи репутација како Sensible AI Guy. Неговите курсеви на LinkedIn им помогнаа на безброј организации поефикасно да ја применуваат вештачката интелигенција и да ги постигнат своите цели“, објаснува Герти Бошњаку од организацискиот одбор на AllWeb.
Со помош на вистински алатки и експертиза, аналитиката на податоци може да отклучи вредни сознанија кои поттикнуваат иновации и раст. За да го задоволи вкусот на оние кои сакаат да си играат со бројки, AllWeb ќе биде домаќин на Стин Расмусен.
„Неговиот пристап кон анализата на податоците е навистина уникатен и предизвикува размислување. Преку релативни примери, тој ќе разбие сложени концепти на податоци на начин што дури и оние со ограничено технолошко знаење можат да го сфатат. Навистина е извонредно како неколку едноставни реченици од него можат целосно да ја променат перспективата за анализа на податоците“, истакнаа организаторите.
AllWeb е регионален настан, а своето прво издание го имаше во Македонија во 2012 година. Оттогаш, AllWeb обезбедува уникатно искуство за специјалисти во низа индустрии од Албанија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. Посетителите на конференцијата доаѓаат од истакнати компании и брендови специјализирани за дигитална трансформација, маркетинг агенции, експерти за маркетинг, консултанти за иновации, професионалци за развој и програмирање, експерти за ИКТ, мобилни специјалисти, професионалци за односи со јавноста и експерти за социјални медиуми.
Искористете ја шансата за први да слушнете од искуството на експерите со присуство на еднодневната конференција во Тирана, Албанија, на 2 ноември. Добијте вредни сознанија за темите кои ја обликуваат дигиталната пазарна економија и направете солидно влијание врз севкупната деловна сцена на Албанија.
За повеќе информации за содржината и билетите, проверете го allweb.digital