0 коментари 2 мин. читање 17 февруари, 2014

Истражувачи направија алгоритам кој може да предвиди револуции

Група истражувачи од Универзитетот Дјук креираa алгоритам кој може да предвиди револуции ширум светот. ICEWS (Integrated Crisis Early Warning System) е систем кој ќе им помогне на САД при анализирањето на политичката ситуација, а Ward лабораторијата го изработи под покровителство на DARPA. Алгоритмот веќе со точност ги предвиде влошувањето на состојбата во Парагвај, кога пред половина година предвиде 97 отсто за немири во оваа држава. Од друга страна алгоритмот потполно потфрли кога е во прашање Украина, а предупредувањата почнаа дури откако започнаа протестите. Дека алгоритмот е добар единствено колку влезните податоци покажа и примерот со Ујгурите и Хaн-кинезите, иако алгоритмот и со недостатокот на информации, покажа можност од 33 отсто за немири.

„Проектот ќе биде успешен единствено доколку не предвидува премногу немири кои нема да се случат“, вели основачот на лабораторијата Др. Мајкл Д. Ворд.

Целта на проектот всушност не е предвидување на кризи или револуција, туку тестирање на теориите. Доколку некои од политичките теории можат да предвидат кризи во државите, тогаш оваа теорија може да е на вистинска патека.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top