Интернет троловите ги имаат сите потребни особини да бидат садисти и психопати кои тролаат за да ги гледаат другите како патат. За да биде уште полошо, тие карактеристики стануваат поистакнати ако поминуваат повеќе време онлајн, вели нова студија од Универзитетот Манитоба. За среќа, само мал процент од корисниците ги имаат тие карактеристики.
Истражувачите открија дека постои врска помеѓу садистичките особини наречена „темна тетрада“ и времето кое поединците го поминуваат коментирајќи на Интернет, јавуваSlate. Темна тедрада е име кое се користи за збирот на индивидуални карактеристики, садизам, психопатија, нарцизам и макијавелизам. Истражувањето покажува дека постои корелација со сите особини од темната тедрада со иклучок на нарцизмот и секојдневното времето поминато во коментирање на Интернет.
Идентификацијата на „троловите“ е направена со повеќе методи една од нив бара од нив да одговорат во што најмногу уживаат: „разговор со другите“. „нови пријателства“, „тролање“ или „останато“. За среќа единствено 5,6 отсто од испитаниците одговориле дека уживаат во тролањем додека дури 41,3 отсто не учествуваат во онлајн дискусии.








