Farming Simulator 22 е одлична симулација со две експанзии и бројни помали додатоци

Од 2021-та година, Farming Simulator 22 нуди богати можности за реализирање на фармерските аспирации.

Развојното студио Giants Software се ветерани кои работат на Farming Simulator серијалот уште од 2010 година. Низ годините, студиото има осмислено забавни механики и интересни елементи за одгледување најразлични култури, чување животни и справување со бројни земјоделски предизвици. Како резултат, Farming Simulator 22 моментно има 95% позитивни рецензии, засновано на најновите рецензии.

Ако ова е случајот со основната игра, не значи дека таква е ситуацијата и со двете последователни експанзии и бројни додатоци. Во оваа прилика, би сакале да ги запознаеме гејмерите со клучните работи и за основната игра и за додатоците, сѐ со цел да ви помогнеме да донесете подобра одлука за тоа дали е ова игра за вас и дали да направите дополнителна финансиска посвета за додатоците.

Farming Simulator 22

Farming Simulator 22 е моќна симулација која ви дозволува да вршите најразлични фармерски активности од областа на земјоделството, сточарството и шумарството. За таа цел, имате на располагање над 400 машини и алатки кои произлегуваат од каталозите на светско-познати брендови како John Deere, Ferguson, CLAAS и многу други!

Лоши резултати без солиден план

Farming Simulator 22 има одличен систем за годишни времиња, како и солиден режим за повеќе играчи. Благодарение на ова, вашите пријатели можат да ви се приклучат и да ви помогнат во фармерските обврски независно од временските услови. Промената на годишните времиња игра клучна улога во севкупниот гејмплеј и ве принудува да сте креативни, да размислувате што, кога и како да садите, односно жнеете. На пример, за време на зимските месеци, се охрабрува поставување оранжерии, бидејќи условите знаат да бидат и-тоа-како предизвикувачки.

За пофаба е уникатниот начин на кој се возат бројните возила, сатисфакцијата која се добива од сеењето, а потоа и жнеењето на добрата, како и понатамошното процесирање, пакување и дистрибуција низ градот. Чисто за пример, со Farming Simulator 22 можете да посеете и ожнеете пченица, да ја соберете и однесете во мелница, да го наполните камионот со брашното, и, на крај, да го однесете камионот во пекара за да се испече леб. Слично на оваа сценарио, имате и бројни други!

Доколку направите правилен план и се држите до него, за брзо време ќе присоберете мало богатство. Со финансиите ќе можете да си дозволите уште земја, но и многу поефикасни возила.

Наспроти она што би помислиле, Farming Simulator 22 е крајно релаксирачка игра и ви дозволува да играте со темпо кое највеќе ви одговара. Но, што е со бројните додатоци, до кој степен го тие продолжуваат искуството во основната игра?

Две експанзии и бројни додатоци

Како што напоменавме, Farming Simulator 22 има 20 додатоци. Доколку сте задоволни од основната игра, развојното студио нуди не една, туку две сезонски пропусници. Дали вреди да ги земете?

Farming Simulator 22 – Year 1 Season Pass

За жал, првата сезонска пропусница има само 33% позитивни рецензии. Пропусницата нуди доста содржини за играта, но гејмерите првенствено сметаат дека цената не ги оправдува додатоците. Дополнително, голем број од гејмерите се разочарани што некои додатоци не се вклучени во пропусницата и се продаваат засебно.

Farming Simulator 22 – Year 2 Season Pass

Од друга страна, втората сезонска пропусница е подобро прифатена од заедницата и се одликува со 75% позитивни рецензии. Во неа ќе најдете:

Доколку сте фанови на вакви симулации, имате неброени часови забава во Farming Simulator 22 – Premium Edition – издание кое ја содржи основната игра заедно со двете сезонски пропусници. Покрај ова, ќе најдете уште неколку платежни додатоци кои не се вклучени во премиум изданието, како и еден бесплатен додаток!

Farming Simulator 22 не е игра за сите, но доколку сакате комплексни механики поврзани со фармерскиот живот, тогаш шансите се дека убаво ќе се забавите со чедото на Giants Software, барем додека не излезе FS 23! :)

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Giants Software
  • ИздаваGiants Software
  • Жанр: симулација
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 22 ноември 2021

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Ikonei Island. Тврдокорните фармери дури и ги упативме кон Farming Simulator 22 и бројните додатоци кои се кријат тука. Она што сакаме […]