Albafone стартуваше на македонскиот пазар пред две години, во октомври 2013-та година, со радикална идеја – да биде единствен оператор кој ексклузивно ќе ја таргетира албанската заедница. Но, виртуелниот оператор ни по две години не успеа да убеди повеќе корисници да се префрлат на префиксот 073.
Компанијата претстанува да постои поради долгови кон One oд кој ја изнајмнуваа мрежата. Albafone имаше солиден број на 16.000 корисници, но заостануваше далеку зад другите три оператори, One, Vip и T-Mobile. Со спојување на One и Vip, и долгогодишната доминација на T-Mobile се чини дека нема простор за четврт оператор кој може да им конкурира на гигантите.
Можеби проблем е што Albafone настапи националистички во индустрија која се води според бизнис логика, не според идеологии. Тие нудеа услуги за сите, но со ексклузивно таргетирање на албанските корисници ги одалечија македонските корисници кои скокаат од еден до друг оператор, во потрага по добри промоции. Но, најголем пробем е што Albafone не понуди постпејд услуги со кои можеше да ги врзе корисниците за неколку гoдини, и со тоа да гарантира сигурен приход.
Ниту Albafone, ниту One не излегоа со официјално соопштение.







