1 коментар 1 мин. читање

Таткото на компјутерските науки, Алан Туринг, доби кралско помилување

Британската кралици конечно по повеќе од 50 години го помилува Алан Туринг, јавува BBC. Алан Туринг беше брилијантен математичар, логичар и крипто-аналитичар, кој со својата работа на разотктивање на Енигма машината значително ја скрати поморската војна во Атлантикот, но и ја започна ерата на компјутерите. И покрај сите овие заслуги г. Туринг, по тогашните закони во 1952 година, е прогласен за криминалец во Велика Британија поради својата хомосексуалност. Наместо затворска казна избрал хемиска кастрација. Во 1954 година Алан Туринг е пронајден мртов, а неговата смрт е прогласена за самоубиство со цијанид.

Помилувањето од Кралското семејство доаѓа под притисок на Британскиот парламент, а првпат барањето за помилување беше поднесено во мај 2012 пре Куќата на лордовите. Во јули оваа година иницијативата доби владина подршка и доби постхумно помилување. Во 2009-та премиерот на В. Британија тогаш Гордон Браун се јавно се извини од страна на британската влада за „начинот на кој се однесуваа со г.Туринг“.

[youtube]gyusnGbBSHE[/youtube]

[youtube]5LHFzNMgWzw[/youtube]
Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top