Eвропскиот парламент донесе построг закон за заштита на податоците

0 коментари 1 мин. читање

Европскиот парламент донесе нов закон кој треба да обезбеди поголема безбедност нa личните податоци, велат европските комесари, Вера Јурова и Франс Тимерманс. Новиот закон ќе воведе построги казни за компаниите кои не го почитуваат законот, а максималната казна ќе биде 4 отсто од годишната соработка.

Законот предвидува построги правила за компаниите кои се поголеми. Тие мора да назначат и лице задолжено за заштита на личните податоци, а сите компании мора да го пријават пробивањето на податоците во рок од 72 часа; децата мораат да добијат дозвола од родителите за користење на социјални мрежи; се проширува „правото да бидеш заборавен“ на интернет; и има уште куп други мерки кои ќе ја зголемат безбедноста на корисниците.

„Овој закон е огромен чекор напред за Европската унија, за основните човекови права во Европската унија, и покажува дека може да донесеме правна рамка за дигиталната ера, но и дека може да донесеме демократски мерки кои ќе имаат големо значење за граѓаните и корисниците од Европската унија“, вели Јан Филип Албрехт, пратеник во Европарламентот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top