Ако сте #влијателен на Twitter, ќе гледате помалку реклами

Дел од највлијателните корисници на Twitter ќе забележат дека им се сервираат помалку реклами. Причината за ова е што Twitter сака најактивните корисници да продолжат непречено да ја користат платформата. Друштвената мрежа се надева дека популарните корисници ќе привлечат поголем број на корисници.

Но како се знае кој е #влијателен? Алгоритмот за изборот на корисници на кои нема да им бидат прикажани реклами е нешто покомплексен од „најголем број на следачи“. Во него се вклучени и реакцијата кои постовите го добиваат на социјалната мрежа. „Јас имам околу 70.000 следбеници и се чини дека сум во no-ads групата, а мојата шефица Кара Свишер е во истата група, но има повеќе од милион следбеници“, вели Петер Кафка од Recode.

Промените доаѓаат со враќањето на ко-основачот Џек Дорси на чело на компанијата која доживеа неколку големи промени во бордот на директори. Засега рекламите се единствен начин на монетизација, но со оглед на бројот на корисници Twitter сепак може да си дозволи да не им презентира реклами на најкорисните учесници на платформата. Сепак, иако постојат шпекулации, Twitter не работи на верзија на апликацијата која би овозможила претплата за корисниците кои не сакаат да им бидат презентирани реклами, дополнително компанијата уверува дека работат на подобрување на алгоритмот за прикажување на порелевантни реклами.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk