0 коментари 2 мин. читање 27 јануари, 2016

Uber преку телефоните ја следи брзината на своите таксисти

Ако корисниците преку паметните телефони ги повикуваат такси возилата на Uber, компанијата ги користи телефоните за проверка на брзината на возачите, јави The Next Web, повикувајќи се на информација од компанијата.

Сензорите во телефоните нудат одлична можност за проверка на брзината и начинот на кочење. Компанијата нема постојано да ги прибира податоците од сензорот, но доколку клиентот се пожали на пребрзо возење или на нагло запирање, од Uber ќе ги разгледаат податоците од жироскопот на телефонот. „Сензорите во телефоните можат да регистрираат и најмали движења. GPS и акцелерометрите регистрираат колку често возилата тргаат и запираат, но и нивната брзина. Доколку клиентот се пожали дека возачот возел пребрзо, можеме да ги провериме податоците. Доколку пријавата е точна, тогаш ќе го контактираме возачот. Доколку не е, пријавата нема да влијае на рејтингот“.

Uber се надева дека во иднина податоците од сензорите ќе им помогнат да дојдат до повеќе податоци за навиките на своите возачи, на пример кога возат пребрзо, по кој рути се вози побрзо, но и податоци како просечно време на превоз од една до друга локација.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top