Спонзориран текст

„Ај Ти на журка во МКЦ“: Еден билет за четири концерти + неограничено пиење и јадење

Спонзорирано од GiftShop.mk

во Вести, ИТ Кариера, ИТ настани, ИТ.МК, Спонзорирани

АЖУРИРАНО НА 20.12.2023:

Организаторот го има откажано настанот.


Крајот на годината доаѓа, а периодот на забава само што започна! Како загревање за Новогодишната ноќ, во Младинскиот културен центар ќе се одржи голема предновогодишна забава со домашна музика наменета примарно за ИТ секторот, под името „Ај Ти на журка во МКЦ“. 

Вечерта на 23-ти декември, МКЦ ќе се претвори во целовечерен подиум на кој гостите ќе имаат можност да ги слушнат омилените артисти од македонската сцена – Фолтин, Нокаут, Нина Јанева & The Crew, Гоце Саф, Чваре, да се забавуваат и да пеат караоке во Џебното кино. Организаторот обезбеди вкусна храна и пијалаци во неограничени количини, за присутните да имаат енергија за танцување и пеење до доцна во ноќта.

🎉Детали за настанот 🎉

  • Неограничено пијалок, храна и добра забава. Четири концерти во едно!!!
  • 📅  Датум: 23 декември (сабота) 2023 година
  • 📍Место: МКЦ (Младински културен центар), Скопје

Во Киното Фросина ќе има журка со реномираниот бенд Фолтин додека на главната сцена ќе настапи бендот Нокаут. Организацијата е внимателно и детално осмислена така што концертот на Фолтин и на Нокаут нема да бидат во истиот термин, за гостите да можат да присуствуваат и на двата концерти. Токму затоа, бројот на карти за забавата „Ај Ти на журка во МКЦ“ е ограничен и картите ќе се продаваат по принципот „прв дојден, прв услужен“. 

Во Џебно Кино ќе има меѓусебен предизвик на колегите со или без пеjaчки способности. Домаќинот ќе се погрижи караоке настанот да тече непречено, да се забавува толпата и да дава коментари за изведбите. Клуб МКЦ пак е резервиран за целовечерно танцување со диџеј Гоце Саф и диџеј Чваре. На главната сцена (Сала 25 мај) ќе настапат и Нина Јанева и екипата.

Кулинарските задоволства ќе бидат во облик на вкусни јадења и свежи салати со мешавина од сезонски зеленчуци, крцкави закуски и привлечни преливи. Ќе може да се ужива во вкусови со богат асортиман на елегантни предјадења и грил специјалитети.

 🎉Неограничени пијалоци во три отворени барови:  🎉

  • Виски: Џони Вокер, Џејмисон, Ј&Б
  • Пиво: Скопско, Скопско Смуд
  • Вино и ракија: Винарија Тиквеш
  • Ликери: Јагермајстер, Џин, Вотка, Мартини, Аперол
  • Безалкохолни пијалоци: Кока Кола, Фанта, Вода, свежи сокови

Честопати, фирмите традиционално своите предновогодишни прослави ги организираат и прославуваат, но сега индивидуално постои можност да се посети забава каде што гости ќе бидат и многу професионалци од ИТ индустријата.

Посетителите на настанот покрај неверојатна забава ќе имаат и можност да склопат нови познанства во нова, забавна енергична и празнична атмосфера.

Одлична можност за вмрежување

Покрај тоа што овој настан нуди исклучителна забава, концептот и идејата која ги поведе организаторите да го креираат настанот, е и поврзување на кариерно ниво со професионалци од повеќе области како ИТ, економија, маркетинг и многу други. Искористете ја можноста да ги проширите вашите бизнис контакти во енергична и празнична атмосфера.


Еден билет за сите концерти со неограничено јадење и пиење!

За настанот има само еден билет кој може да се купи на следниов линк, а за IT.mk премиум членови следи и попуст!


АЖУРИРАНО НА 20.12.2023:

Организаторот го има откажано настанот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на GiftShop.mk . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk