Крајот на 2023 година полека се приближува и започнуваат објавите за најпопуларни содржини, видеа, апликации… Оваа година дел од компаниите не го дочекаа ниту декември за првите прегледи. Spotify беше прв со Wrapped 2023, а малку подоцна со листа најдобри апликации излезе Apple.
Spotify Wrapped е преглед на годината низ музика. Корисниците кои почесто го користеле Spotify можат да отидат и да дознаат како им изгледала година музички. За разлика од листите на кои сме навикнати за крај на годината, ова е персонализиранa листа. Практично станува збор за листа на која сите кои се квалификуваат може да си ги прегледаат слушачките навики.
Со над 550 милиони корисници Spotify е една од најпопуларните слушачки платформи за музика, но и за поткасти. Па податоците секако се релевантни.
Оваа година листата е направена поинтересна. Spotify има направено категории за различни „типови“ на слушатели. На пример, ако слушаат „полесна“ и повесела музика ќе влезат во Luminary категоријата. Слушателите кои брзо рипаат од еден изведувач на друг се во „Shapeshifter“-категорија, а ако сте креирале повеќе плејлисти од другите, ќе влезете во „Alchemist“ категоријата.
Она што е поинтересно оваа година за Wrapped е додавањето на листата на прикажани информации на „музички град“. Ова практично е своевиден музички центар чии музички вкусови се најблиски до корисникот.
Корисниците ќе може да видат како изгледа нивното слушање по различни месеци во годината. Ова се однесува и на омилените 5 изведувачи, па достапна е листа за тоа во кој месец како се движело слушањето за сите од омилените изведувачи и кој изведувач во кој месец бил „на врвот“.
Заедно со листата за корисници, Spotify објави и листа за музичарите и креаторите на содржина. На овие листи музичарите може да видат статистика за бројот на стримови, слушатели, колку часа се слушала нивната музика, во колку држави и слично…
Како да го пронајдете вашиот 2023 Spotify Wrapped
Оваа година Wrapped за прв пат е достапна и на десктоп. Интересот кај корисниците беше толку голем што за дел од корисниците Wrapped беше недостапен и наместо ова добија информација за грешка (500 Internal Server Error).

Пронаоѓањето на Spotify Wrapped е прилично едноставно. Најпрво треба да се најавите, и ако пристапувате од веб, треба само да отидете на Spotify.com/wrapped.
На мобилната апликација може да забележите банер „your 2023 Wrapped“. Ако не го гледате, одете најгоре на менито и на лева страна ќе го најдете „Wrapped“ копчето. Мобилната апликација имаше помалку проблеми и за неа нема коментари за недостапност.
Мислам дека Wrapped не е достапно во Македонија годинава, барем кај мене и моето друштво не ни дава Wrapped.
Во право си има активна дискусија на Reddit
https://www.reddit.com/r/mkd/comments/186sitr/spotify_wrapped/