AirBnb е проценет на 25,5 милијарди долари; се шири низ целиот свет

0 коментари 1 мин. читање

Стартапот за изнајмување престој, AirBnb, во последната рунда на инвестирање успеа да собере 1,5 милијарди долари, што му ја качи вредноста на 25 милијарди долари. AirBnb e сервис кој ги прескокнува агенциите за патување и резервациите, и им нуди на се-побројните-корисници можност да најдат поевтино сместување, соба или стан; но нуди и можност на корисниците да заработата со изнајмување на престојот. Сместувањето е од празни соби, па се до уникатен простор како игло или замок.

Сервисот, кој е достапен ширум светот вклучувајќи и ја Македонија, овозможува едноставност пред се. Најпрво корисникот одбира локација и пероод во кој ќе ја посети. Потоа Airbnb прикажува мапа за понудените соби, станови и секакво сместување заедно со нивната цена и изгледот. Доколки некое од сместувањето му се допаѓа на корисникот може да ги разгледа и препораките и коментарите од претходните посетители пред закаже својот престој.

Процената на 25 милијарди долари можеби изгледа превисока, но бројот на корисници на Airbnb постојано расте во 2013 имаше 6 милиони, а денес има повеќе од 40 милиони корисници. За пример Marais едно од најфрекфентните Airbnb предградија во Париз има повеќе Airbnb посетители отколки жители, вели Quartz.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед