0 коментари 2 мин. читање 26 јуни, 2015

Tesla и Xiaomi меѓу најпаметните компании според MIT Technology Review

Tesla Motors, Xiaomi и Illumina ја предводат листата на најпаметните компании на MIT Technology Review. Освен иновативност за да се појават на листата компаниите треба да имаат и бизнис модел кој е практичен и амбициозен.

Првото место на листата Tesla Motors овој пат не им го должи на електричните автомобили. Батериите PowerWall и намерата за модернизирање и редизајнирање на електричната мрежа, во која секоја куќа ќе биде производител на електрична енергија, овој пат ја доведоа компанијата на првото место. Xiaomi е на второто мести бидејќи успева да продава квалитетни телефони по евтини цени.

Најголем напредок има во секторот биомедицина, пред се поради напредокот во истражувањето. Енергетските компании оваа година не се толку иновативни, па не се премногу застапени. Но, SunEdison, компанија која работи на електрификација на земјите во развој е на шесто место. HoloLens очилата за виртуелна и проширена реалност од Microsoft, го вратија гигантот на листата Топ 50 паметни компании, овојпат на 48-то место.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top