0 коментари 2 мин. читање 29 јуни, 2015

Статии за предизвици и почетокот кои секој стартап треба да ги прочита

Креирањето на сопствена компанија не е едноставно, ниту се случува преку ноќ. На основачите им се потребни куп информации, куп читање за да стигнат до одлини идеи, и еден куп учење од поискусните. Затоа стартапите често остануваат одвратени од замислата, без доволно самодоверба, како нивниот стартап да е невозможен.

Но, постои интернетот и сите кул сервиси што можат да ви помогнат. Токму тоа е идејата зад Startup Launch List. Ова е сервис на кој на едно место ќе може да се пронајдат дел од информациите кои се неопходни за луѓето кои ја започнуваат својата прва компанија. Станува збор за едноставен и корисен сервис со чија помош новите претприемачи ќе можат да се запознаат со предизвиците кои можеби и не можат да ги предвидат на почеток. Сервисот овозможува брзо пронаоѓање на корисни статии и податоци за различни предизвици со кој основачите ќе се соочат при креирање на стартап. (Tnx до Митко за линкот)

Текстовите се поделени во неколку осум области, а корисникот може да одбере една или повеќе од нив. Идеја, како да станете успешен основач, креирање на тимот, креирање на корисно искуство, креирање на продукт, заработка, креирање на препознатлив сервис и финансирање со помош на инвеститори се темите со кој секој, основач треба да се запознае пред да започне сопствен бизнис. Сервисот креира листи од одбраните теми и препорачува текстови кои би можеле да бидат корисни, а до текстовите се доаѓа буквално за неколку секунди.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top