0 коментари 2 мин. читање 10 јуни, 2015

Agro IT и IP Home and Office се нови македонски IoT сервиси на Business Wall of Fame

Agro IT и IP Home and Office се уште две македонски решенија за Интернет на нештата кои се пријавија на Business Wall of Fame. Ова e натпревар на Deutsche Telekom кој треба да донесе поголемо раздвижување кај иноваторите кои работат на таканаречениот „Интернет на нештата“ или IoT, односно на решенија со кои машини ќе можат да разговараат меѓу себе преку интернет. Станува збор за меѓународен натпревар, но во соработка со Македонски телеком, победникот меѓу македонските компании ќе добие рекламна кампања од 30.000 евра.

AgroIT е решение за управување со фарма со помош на сензори. Информациите пристигаат до корисниците преку паметен телефон, а со ова тие ќе бидат навремено и поважно точно информирани за состојбата. Ова ќе овозможи информации за временските услови, штетниците, податоци за квалитетот на воздухот во шталата и време за храна за добитокот. Навремените податоци че овозможат и навремена реакција на фармерите и поефикасно користење на ресурсите.

IP Home and Office е решение PRO IP Solutions на овозможува управување на уредите од домот преку WiFi, Lan и GSM мрежа. РЕшението ќе обезбедни управување и контрола на електричната инсталација и уредите кои се приклулени на неа, без потреба од останати жици и поврзувања. Дел од уредите кои можат да се управуваат со IP Home се: контролни вентили, брави или било кој електриен уред поврзан на мрежата. Од PRO IP Solutions велат дека со менаџирање со помош на нивното репение може да се заштеди 30 отсто од електричната енергија, но и да ги заштите уредите и семејството.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top