Adobe ja купи друштвената мрежа Behance, ќе ги спои артистите со Creative Cloud

Avatar img-thumbnail img-circle

во Друштвени мрежи

Дали ќе може Adobe да ги поврзе артистите и дизајнерите со своите софтверски решенија? Adobe за околу 150 милиони долари ја купи њујоршката друштвената мрежа за креативци, Behance. Ова друштвена мрежа е налик на DeviantArt, сајт кој што најверојатно ви е попознат, но и налик на LinkedIn.

Adobe ќе продолжи да го развива Behance и наскоро ќе го интегрира во својата облак платформа Creative Cloud. Еден милион корисници преку оваа платформа можат да ги инсталираат сите софтвери на Adobe, како Photoshop, Illustrator и други креативни алатки, да синхронизираат уреди со облакот за пристап до фајлови, и да добиваат ексклузивни софтвер. На оваа платформа единствено и фали Behance, која ќе ги спои дизајнерите, професионалните дигитални артисти и сите ентузијасти. Behance има еден милион корисници кои на мрежата објавија околу 3 милиони проекти и 30 милиони слики.

Во моментов нема да има промени не бесплатната и платената претплата на Behance, но наскоро се очекува Adobe да го промени тој модел и да го споеи со Creative Cloud за кој се плаќа претплата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix Global

QA Engineer

Digilink Konsalting

Java Script Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Technical Support Specialist

види ги сите огласи на kariera.it.mk