0 коментари 1 мин. читање

Adobe ги објави новите верзии на Flash Player и Air

На својата девелоперска конференција Max, Adobe ги претстави новиот Flash Player 11 и AIR 3, кои моментално се достапни за преземање новите верзии на Flash Player и AIR 3 имаат побрз рендеринг, графичка акселерација, како и целовкупен подобар перформанс.

Според компанијата, Flash Player 11 и AIR 3 овозможува поддршка за 2Д и 3Д хардверски забрзан рендеринг чиј перформанс е 1.000 пати побрз од претходните верзии, Flash Player 10 и AIR 2. Покрај ова, новите верзии поддржуваат локални екстензии кои ќе им овозможат на програмерите пристап до разни податоци и документи на уредите, како и пристап до хардверските можности како што се сензори за светлина, двојни екрани, акцелометри и многу други опции. Flash Player 11 и AIR 3 ќе им овозможат на програмерите да креираат игри со ист квалитет како оној кој може да се најде во игрите за конзоли.

Adobe исто така има влучено и поддршка за Dolby Digital и DTS сараунд звук, што значи дека во било која AIR апликација може да биде вклучен 5.1 или 7.1 звук, без разлика дали е игра или стриминг видео.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top