Надополнето: HTC потврди дека има безбедносен пропуст во нивните Android телефони

<Надополнето 04.10.11> HTC во официјална изјава го потврди сериозниот безбедносен пропуст кој беше откриен кај Android телефоните. HTC во изјавата потврди дека нивните Android паметни телефони имаат безбедносен пропуст кој може да биде злоупотребен од трети страни. Во изјавата исто така се вели дека овој пропуст во најбрз можен рок ќе биде поправен.

Според HTC, инсталираниот софтвер кој ја предизвикува ранливоста на телефоните самиот по себе не претставува закана за информациите на корисниците, меѓутоа постои можност оваа ранливост да биде злоупотребена од малициозни апликации. HTC исто така изјави дека до сега ниту еден корисник не бил изложен на апликации кои можат да ја искористат ранливоста на HTC софтверот.

Моментално се работи на тоа да се поправи безбедносниот пропуст, и штом ќе има нова подобрена верзија, корисниците ќе бидат известени за да ја преземат и инсталираат. Препорачливо е корисниците веднаш да го ажурираат својот HTC софтвер штом биде достапен. До тогаш HTC им посочува на своите корисници дека навистина постои безбедносен пропуст и и дека треба да внимаваат кога инсталираат нови аликации.

</надополнување> 

Паметните телефоните на HTC кои го користат оперативниот систем Android, вклучувајќи ги моделите EVO Shift 4G, MyTouch 4G Slide, Evo 3D, Evo 4G, и Thunderbolt, имаат безбедносен пропуст кој овозможува пристап до важни лични информации. До ова откритие дојде истражувачот Тревор Екарт, кој го сподели откритието со Android Police. Во блог постот стои дека во последното ажурирање на софтверот од страна на HTC исталирани се алатки за логирање кои собираат лични информации.

Според Артем Русаковски од Android Police, со овие алатки за логирање дури и најчестите апликации со овластување за пристап до интернет, можат да дојдат до личните информации како што се листа на кориснички профили, вклучувајќи имејл адреси, GPS локации, како и историја на локации, телефонски броеви, смс пораки, како и системски белешки кои вклучуваат сè што прават апликациите. Покрај горенаведените информации, неговиот паметен телефон EVO 3D откривал и информации за мрежата, вклучувајќи IP адреси, целосни информации за меморијата, активни нотификации, листа на инсталирани апликации, и многу други работи.

„Теоретски, можно е да се клонира уред користејќи само мал подсет на пробиени информации.“, вели г. Русаковски.

Еден начин за да се поправи оваа ранливост е да се избрише системскиот документ наречен Htcloggers, но за тоа корисниците мора да направат jailbreak на својот телефон, со што би си ја поништиле гаранцијата. Htcloggers може да се најде во /system/app/Htcloggers.apk.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments