0 коментари 2 мин. читање

IsoHunt се гаси; торент сајтот должи 110 милиони долари за авторски права

Еден од најпознатите торент пребарувачи, канадскиот isoHunt престанува со работа. Гасењето е во договор со водечките холивудски студија со кои основачот Гери Фунг е во судски спорови од 2006 година. Ова е конечен одговор на прашањето што ќе се случи со серверите на isoHunt по одлуката на судот на САД.

Решението е вакво поради oбемот на нарушувања на авторските права. Казната за прекршоците на isoHunt покрај гаснењето на страната ќе изнесува 110 милиони долари. Сепак основачот говори за иднината на торент страните, велејќи „Се борам со холивудските тужби повеќе од 7 години, толку се стари што не се вредни за споменување. Заморен сум од овој спор кој сака мене и isoHunt да не направат жртвен јарец во нивната света војна без никакво значење во историјата. Единствен начин за одење напред е заедно со авторите. Во следните 10 години ја замислувам реконструкцијата на isoHunt во следните десет години. Од пасивен пазар, би можел да се претвори во нов систем со кој корисниците ќе можат активно да допринесат со промоција на авторите, кои од ова ќе имаат корист.“

Гасењето на страната доаѓа по повеќе од 10 години активност, а isoHunt е еден од најпопуларните пребарувачи за торенти. Сепак isoHunt е една од шестте страните кои Конгресот на САД ги прогласи за најлоши во светот. Друштво на листата му прават PirateBay, RapidShare, MP3fiesta, RMX4U и Baidu.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top