0 коментари 1 мин. читање 3 септември, 2015

PlayStation ќе добие опција за стримање директно на YouTube Gaming

Sony излезе со поддршка за стриминг на платформата на YouTube. Надградбата на софтверот на PlayStation 4, кој засега е во тест фаза, ќе овозможи директен стрим од PlayStation на YouTube Gaming и тоа и на веб и на мобилната верзија. Доколку не сте преголем љубител на стримање, PlayStation сега овозможува да побарате од пријателите да ги гледате нивните гејминг сесии.

Новитет е и можноста за споделување на видео директно на Twitter. За жал станува збор за навистина кусо видео од 10 секунди, но корисниците ќе можат да ги скратат подолгите видеа. Капацитетот за складирање е зголемен од 1 на 10GB, и се чини дека барем за во догледно време ова е повеќе од доволно за сите зачувувања од игрите.

Новата верзија на софтверот доаѓа со многу повеќе новитети, а дел од нив не се достапни, но најавени се за финалната верзија. Останатите промени може да ги разгледате на блогот на PlayStation.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top