0 коментари 1 мин. читање

Foursquare ќе соработува со големите интернет пребарувачи

„Нашите податоци генерираат интересни трендови кои го збогатуваат пребарувањето.“ вели Кровли.

„Може да ги направиме анонимни податоците и да ги искористиме местата што се популарни во моментот. Twitter му помогна на светот и интернет пребаручите да знаат што луѓето зборуваат. Foursqare ќе им дозволи на луѓето да пребаруваат каде одат луѓето и што е популарно а што не.“

Ова е одличен бизнис модел на стартапот кој сега има 2 милиони корисици и е оценет на 90 милиони долари. Пример, ресторан ќе сака да понуди добри попусти за чекирања [Foursqare термин за одбележување на локацијатa] во ресторанот со што ќе добие популарно место како резултат на пребарувачот. Секој сака да биде популарен. Исто и корисниците кои сакаат да бидат „видени“ на популарни места.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top