2 коментари 1 мин. читање 25 декември, 2014

Nokia го претстави N1, нов Android таблет компјутер

Само седум месеци откако Nokia го продаде одделот за паметни телефони на Microsoft и најави пензионирање на уредите, финскиот гигант се враќа со Nokia N1 Android таблет компјутер. Првите таблет комјутери ќе бидат наменети за кинескиот пазар, а ќе се појават на почетокот на 2015 година.

Уредот наликува на iPad mini со изгледот и изработката, но и со 7,9-инчниот екран и неговата резолуција од 2048х1536; екранот е заштитен со Gorilla glass 3. Nokia дури ги потенцираат дебелината и тежината на таблетот кој е и полесен, но и потенок од iPad mini. N1 ќе доаѓа со Intel 64-битен Atom процесор на 2.3 GHz, 2 GB LPDDR RAM и 32 GB слободен простор. Таблетот доаѓа и со две камери од 5 и 8 MP. Софтверот е Android 5.0 Lollipop оперативен систем и Nokia Z Launcher.

[youtube]O26VjUSuZMA[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Ice Jovanoski
11 years ago

*Lollipop

Мени
Заедница
Изглед
To top