0 коментари 1 мин. читање 25 декември, 2014

Here ќе ве најави со селфи кога ќе пристигнете

Here е супер едноставна iOS апликација со една единствена намена, известување на луѓето дека сте пристигнале на вашата дестинација преку селфи фотографии. Апликацијата доаѓа од лондонското студио Lowdownapp Ltd., креатор на Lowdown. Инспирацијата за Here всушност доаѓа од претходната апликација на студиото Lowdown, која иако оригинално е креирана за договарање на состаноци, но се покажа дека корисниците најдоа куп други употреби: од добивање на новороденче до известување на родителите кога студентите пристигнале во Тајланд.

Се чини дека вистинското прашање е кој воопшто би ја користел Here покрај другите апликации кои можат да го направат истото, а згора на тоа имаат и куп други функционалности. Snapchat, WhatsApp или Instagram ја нудат истата можност, а сепак се многу повеќе од Here.

[youtube]xlIGnFoj170[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}