1 коментар 1 мин. читање

Студентски проект изгледа како фантастична AAA игра

Trailed е видеоигра изработена од група од седум студенти од Montreal National Animation and Design Center за само четиринаесет недели. Играта е креирана со Unreal Engine 4, кој од неодамна е достапен за сите за претплата од 19 долари и 5 отсто од приходите од играта.

Тоа што навистина имресионира е изгледот на играта, на кој иако е направен од седум студенти можат да му позавидат и дел од компаниите кои креираат ААА-наслови. Идејата е во 14-те недели во кои е направена да ги предизвикаа сопствените дизајнерски, уметнички и технички способности до крај. Според изгледот на играта се чини дека успеале.

[youtube]PWFG_daFftA[/youtube]

[youtube]iEkl-h3e6Us[/youtube]
Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top